Hоndа покажа систем за навигација поставен на обувки (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Hоndа најавија создавање на нова компанија, а станува збор за Аshirаsе, чиј прв проект ќе биде покажување на навигациски систем, кој користи обувки за насочување. Софистицираната на технологија на прво читање користи вибрациски модули, кои се прицврстуваат на чевлите и помагаат да се ориентираат без потреба да се гледа на телефон.

Преку различни видови и времетраење на вибрациите, модулите ќе му укажуваат на корисникот дали да продолжи напред, да запре или соодветено да сврти лево или десно.

Системот користи специјална апликација за навигација, а сензорите во самите модули следат секакво движење, а на тој начин обезбедуваат прецизно насочување по претходно зададена маршрута.

Од Honda споменуваат дека една од главните предности на системот е во тоа рацете да ви останат слободни и да можете да ги користите за нешто сосема друго, место да ги држите за уред за да погледнете кон патот. Се очекува технологијата да влезе во сериско производство во 2023 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK