Франкфурт 2017: Електрична технологија за сите модели на Honda во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Хонда ќе ја вгради својата нова електрична технологија во секој модел што ќе го промовира за пазарот во Европа, изјави Такахиро Хачо, претседател и извршен директор на Honda Motor Co. на прес-конференција на саемот за автомобили во Франкфурт.

Хачиго го изјави ова веднаш по презентацијата на новиот електричен прототип Urban EV Concept. “Ова не е визија од далечна иднина, и производна верзија на овој автомобил ќе има Европа од 2019 година”, вети тој.

Концептот Honda Urban EV е изграден на сосема нова платформа. Неговиот амблем е со сино осветлување и ова ќе биде нов стил за сите идни електрични модели на брендот.

Honda има намера да воведе електрична технологија во три четвртини од своите нови автомобили до 2030 година, а за Европа целта е таа да биде реалност уште во 2025 година, бидејќи интересот е навистина огромен.
“Овде, во Европа овој тренд е посилен, од каде и да било друго место”, коментира Хачиго, нагласувајќи дека стариот континент ќе стане сцена на глобалната премиера од следната фаза од електричната стратегија на Honda.

Веднаш по изјавата на шефот на компанијата, Филип Рос, потпретседател на Honda Motor Europe го претстави новиот CR-V Hybrid Prototype: “Продажбата почнува од 2018 година, овој автомобил ќе биде првиот хибриден SUV кој Honda ќе го понуди на европскиот пазар”, рече тој.

Моторот на прототипот обезбедува реална потрошувачка на гориво и се управува со леснотија. Двојниот мотор i-MMD (Интелигентен мулти-мотор) не бара конвенционален пренос.

Филип Рос исто така го најави и новиот систем за управување со дистрибуцијата на енергијата – Honda Power Manager Concept, способен ефикасно да ја распредели струјата од и кон целата мрежа, како и да го насочи погонскиот поток од обновливи извори и да управува со батеријата на електричниот автомобил кога тој е поврзан со домот.

“Кога е потребно, Power Manager може да црпи енергија од батеријата на електричниот автомобил за да го напојува вашиот дом и да ја намали вкупната потрошувачка на електрична енергија на електричната мрежа”, рече Рос. “Дури и дозволува енергијата складирана во електричниот автомобил да се врати во мрежата за да генерира приходи за сопственикот”, додаде тој.

Со новиот уред Honda ќе учествува во експеримент во западна Франција, каде цели модули од него ќе бидат вклучени во пилот проект како дел од регионалниот развој на “интелигентна” електрична мрежа, која ќе биде целосно подготвена во 2020 година

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK