Новиот 2.0-литарски турбо мотор на Тоyota создава голема моќ

ОБЈАВЕНО НА:

Моќната единица со четири цилиндри може да се монтира попречно и надолжно…

Според главниот технолошки директор на Тоyotа, Хироки Накаџима, новата линија на мотори со четири цилиндри е „менувач на играта “. Претстојните погонски единици имаат зафатнина од 1,5 и 2,0 литри, а иако се оптимизирани првенствено за електрификација, забавниот елемент не се игнорира. Барем тоа е случај со 2.0-литарскиот турбо мотор што инженерите го вградија минатата година во соголениот Lexus IS за цели на тестирање.

За автосалонот во Токио за 2025 година, четворката беше инсталирана во тест маскираниот автомобил така наречен „мазга “со среден поставен мотор, базирана на GR Yaris. Во соопштението за печатот, Тоyota не ја откри моќноста на 2.0-литарскиот турбо мотор, но навести во интервју со јапонските новинари за време на ТАS дека може да произведе над 400 коњски сили. За време на Multipathway работилницата одржана минатиот мај, Car Watch дозна од Накаџима дека целта е 400 КС, што технички достигнува 394 КС. Сепак, се чини дека има простор за повеќе.

На ТАS 2025, Накаџима сугерираше дека може да постигне уште поголем удар. Како одговор на новинарско прашање, тој рече: „Дали е мотор со 400 КС?“. Секако, тоа би можело да значи помалку од првичната проценка на Toyota. Сепак, оригиналната верзија прикажана минатата година веќе имаше 400 КС, така што треба да очекуваме повеќе отколку помалку. Максималниот вртежен момент од 500 њутн метри беше проценет во 2024 година.

Tурбо бензинскиот мотор со работен волумен од 2.0-литри, со четири цилиндри, со повеќе од 400 КС не е новина, имајќи предвид дека „M139 “ на AMG произведува 416 КС во автомобилите со ознака „45“. Кога е надолжно поставен во крајно контроверзниот C63, „M139l “произведува огромни 469 КС. Па, дури и реткиот Mitsubishi Evo X FQ-440 MR имаше 440 КС пред една деценија, иако тој автомобил беше полн со модови (измени и преработки) на мотори.

Накаџима изјави за Car Watch дека е планирана помала верзија на 2.0-литарскиот турбо мотор со проектирана моќност од 300 КС (296 КС) и 400 Nm. Неограничената со четири цилиндри „мелница “ ќе произведува повеќе од 600 КС во тркачките автомобили. Овој мотор може да се инсталира и попречно и надолжно. Тоyotа веќе користи 2.0-литарски турбо со четири цилиндри во спортски автомобил преку BMW и неговиот мотор B48, иако не долго. Сегашната Supr се соочува со неизбежно пензионирање, но табличката со името ќе продолжи да постои. Останува да се види дали следната генерација на Supra ќе има „G20E “, погонска единица.

Да не заборавиме, Toyota постојано нафрла навестувања за бришење прашина од табличките со имиња на други спортски автомобили. И сега, како и тогаш, постојано добиваме сигнали за враќање на Celica и/или MR2.

Логиката ни кажува дека „G20E“ ќе биде во основата на линијата на спортски автомобили на компанијата. Новиот мотор ќе биде поставен над погонската единица во конфигурација со три цилиндри, со работен волумен од 1,6-лиари, кој се наоѓа во GR Yaris и GR Corolla. Таа единица со ознака „G16E-GTS“ го напојува и моделот на Lexus, па еве се надеваме дека луксузниот бренд на Toyota ќе го користи и поголемиот 2.0-литарски агрегат.

Бидејќи го спомнавме Lexus, тој сам готви забавен автомобил, но со многу поголем мотор. Нашироко се верува дека „LFR“ (името не е потврдено) најавува V-8, со двојни турбо полначи и служи како улично (за јавни патишта) легален брат на новиот тркачки автомобил на Тоyotа GT3. Има и електричен индиректен наследник на LFA, претставен со концептот Electrified Sport.

Наспроти сите шанси, Toyota сè уште сака да ги задоволи ентузијастите, дури и во светот опседнат со SUV и автомобилската индустрија значително под влијание на построгите регулативи за емисиите.

Спортските автомобили се ниски сегмент (односно сегненти каде продажбата се мери во мали бројки), но изгледа дека гранката на Gazoo Racing сака правилно да им парира на Mercedes-AMG, Audi Sport и BMW M.

Идеално, тоа ќе го направи по пониска цена, оставајќи го Lexus да се бори со моделите од повисоките класи. од германската тројка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK