Неколку од основните модели на BMW треба или да бидат освежени или целосно да се заменат, но тоа не го спречи германскиот производител да го освои првото место за прв пат, на годишната листа на најдобрите брендови на Consumer Reports.
BMW се искачи за две места до пол-позицијата, соборувајќи го претходниот победник, Subaru на второто место во рангирањето. Во годишнoто натпреварување се оценуваат производителите на автомобили според перформансите, безбедноста и доверливоста на нивните возила врз основа на сопствените независни тестови на Consumer Reports и повратните информации добиени од анкетите на членовите.
„BMW произведува многу модели со високи перформанси, добро опремени и доверливи, па не е изненадување да се види на врвот на рангирањето, вели Џејк Фишер, виш директор за тестирање на автомобили во Consumer Reports. „Но, нелуксузните марки како Subaru, Toyota и Mazda, исто така, постојано се високо рангирани во изминатите неколку години, обезбедувајќи потрошувачите да не мора да ја жртвуваат достапноста за да добијат висококвалитетен автомобил“.
Mini, сестринската марка на BMW исто така имаше добри резултати во студијата, искачувајќи се пет места, на третото, додека азиските брендови доминираа во остатокот од Топ-10, составени од Lexus, Honda, Toyota, Genesis, Mazda, Audi и Kia. Дванаесетто рангираниот Buick беше домашен бренд со најдобри перформанси, следен од Dodge на 15. и Lincoln на 16 место.
Tesla исто така, ја подобри својата позиција, искачувајќи се за шест места на 17-тото, благодарение на подобрената доверливост, со која британските луксузни марки Jaguar и Land Rover продолжуваат да се борат. Jaguar заврши на 30-то место, чекор подолу од Alfa Romeo, додека Land Rover е на последното 32-то место.