BMW и Mercedes имаат многу модели, па некои ќе бидат прекинати

ОБЈАВЕНО НА:

За да се задоволат и најпрефинетите вкусови на купувачите често авто производителите на пазарот нудат најразлични модели, кои некогаш и не се многу економски исплатливи. Најлогично е тогаш да се удри рез и да се види кои модели навистина се бараат, а кои би требало да се тргнат од производната лента.

Според пишувањето на Car&Driver, во BMW и Mercedes-Benz веруваат дека бројот на нивните верзии на модели под знак прашалник, вклучувајќи ги и традиционалните купе верзии и кабриолети.

Дека нешто ќе се менува најави и Иан Робертсон, главниот за продажба и маркетинг во BMW.
„Таблата за играње на која се различните шасии и сегменти е речиси полна, иако постојат уште некои испразнети места што треба да се пополнат. Ние го имаме X2 и Х7 што треба да дојдат, и уште некои други, но исто така знаеме дека некои шасии што сега ги има ќе бидат отстранети во иднина“.

Нешто слично се случува и во Mercedes-Benz, а тоа го најави и Дитер Цече, главниот на компанијата за време на саемот во Женева.
„Посебните возила, овие купеа и кабриолети секогаш биле автомобили што привлекувале. Експанзијата во Кина и другите пазари што се развиваат ни даваат можност за седан возила, а тие не ги купуваат многу овие посебни возила. Тоа го прави бизнисот за овие возила помалку лесен“.

Според BMW, пазарот за кабиолети никогаш не се опоравил по 2008 година и никогаш не добија популарност во Азија, и токму затоа брендот реши да соработува со Toyota за нивниот Z4 roadster.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK