Италијанскиот производител Alfa Romeo на претстојниот саем во Женева ќе претстави специјална Racing изведба од моделите Stelvio и Giulia, пренесуваат италијанските медиуми.
Оваа Racing изведба е креирана во чест на Формула 1 тимот на Alfa Romeo Racing во кој италијанскиот производител силите ги здружи со швајцарскиот конструктор Sauber.
Овие две изведби доаѓаат со двобојна каросерија со препознатливиот милански крст и змија на задниот страничен дел. Тука се и новите фелни и Mopar трансмисија. Покривот е од карбонски влакна, а под хаубата доаѓаат со моќни 2.9 литарски V6 мотори со Akrapovic издувен систем специјално развиен за овој производител.
Во внатрешноста новитет се спортските седишта додека останатите елементи остануваат непроменети.
Инаку на овој саем Alfa Romeo ќе ја претстави и подновената Giulietta која ќе биде најава за новата генерација која ќе пристигне во 2021 година, а пред неколку дена од бренд менаџерот на италијанскиот производител најави дека на овој саем ќе биде претставено нешто ново. По ова се појави шпекулации дека ќе биде претставен новиот SUV, а некој авто критичари тврдат дека тоа “нешто ново” е всушност Racing изведбата на Stelvio и Giulia.