недела, 25 декември, 2025 година

Германија е против целосна забрана на моторите со внатрешно согорување во ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати јасна порака до Брисел – Германија не сака слепо да ја следи одлуката на Европската унија за целосна забрана на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување од 2035 година. На регионална партиска конференција на ЦДУ во Магдебург, Мерц порача дека Берлин ќе изврши притисок врз Европската комисија повторно да ја преиспита оваа регулатива.

„Нема и понатаму да се придржуваме до оваа тврдоглава и погрешна забрана на моторите со внатрешно согорување во Европската унија. Мора да останеме силна индустриска локација“, изјави Мерц.

- Advertisement -

Мерц признава дека, гледано од денешна перспектива, електричната мобилност останува главна траса за автомобилската индустрија. Сепак, нагласува дека не смее политички однапред да се затвораат вратите за други технологии.

Тој потсетува на хибридните погони, но и на идни решенија за кои, како што вели, „уште и не знаеме дека ќе постојат“.

„Ние во политиката денес не знаеме која технологија ќе биде возможна утре“, предупредува Мерц, додавајќи дека политички мотивираните забрани не смеат да завршат како промашување.

Европската унија во 2022 година донесе одлука дека од 2035 година новите автомобили повеќе нема да смеат да емитуваат CO2, со цел исполнување на климатските цели на блокот. Во пракса, тоа значи крај за класичните бензинци и дизели во сегментот на нови возила, со исклучок на можни нишни решенија како на пример синтетички е-горива.

Според Мерц, германската владејачка коалиција се залага за омекнување на оваа одлука, а не за слепо спроведување без корекции.

Во таа насока, Мерц веќе упатил писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со барање за преиспитување на патот кон целосна забрана на моторите со внатрешно согорување.

Климатските цели „да“, но преку технологија, а не преку забрани. Мерц нагласува дека климатските промени се многу сериозен проблем што никој не треба да го негира и дека веќе силно влијаат врз компаниите, земјоделството и шумарството.

Но решението, според него, не е во забрани, туку во технологија: „Тоа бара секоја можна мерка за намалување на емисиите на CO2 – но не преку забрани, не преку регулативи што убиваат цели индустрии, туку преку најсовремена технологија.“

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја