Нови фотографии од маскираниот Hyundai AX-1

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализираниот интернет сајт за автомобилизам, motor1.com, објави нови фотографии од маскираниот мал кросовер на Hyundai, AX-1.

Од фотографиите може само да се потврди големината на овој кросовер. Ќе биде најмалиот кросовер во понудата на јужнокорејскиот производител чија должина нема да надмине 3.800 мм.

Во однос на мотористиката, AX-1 ќе ги користи истите мотори како и малиот градски автомобил Santro. Тоа значи дека централно место ќе заземе 1,1 литарскиот бензински Epsilon G4H4 I4 мотор.

AX-1 доаѓа првенствено за пазарот во Индија, а големи се шансите да се најде и во понудата во Јужна Америка.

Во продажба во Индија, овој модел влегува во октомври годинава, а на овој пазар ќе конкурира на Mahindra Marazoo, Mahindra Bolero, Mahindra Thar, Renault Kiger, VW T-Roc, Suzuki Ignis…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK