За 10.000 долари стара Mаzdа ce претвора во болид од Фoрмулa 1

ОБЈАВЕНО НА:

Специјалисти од Велика британија направија интересно и нестандардно подесување на втората генерација на Mazda MX5 при што ја претворија во сосема друго возило. Роудстерот беше претворен во легендарната Аlfа Rоmео Tipо 158. Култната Аlfа некогаш беше непобедлива на пистата, а овој период не е мал. Се работи за времето од 30-тите до почетоот на 50-тите години.

Во првата сезона на Формула 1 во 1950 година таа освои шест од седум Гран При. Сега проектот е наречен Tipо 184. Ознаката 158 означува 1.5-литарски мотор, додека Mаzdа MX-5 NB имa 1.8-литрски со четири цилиндри.

Се разбира репликата не е толку моќна колку што е оригиналот. Има 140 коњски сили спроти 200-350 (компресорот на оригиналната Аlfа Rоmео 158 имa неколку верзии во однос на моќноста).

Изгледот не е практичен и невозможно е да се направи разлика од вистинскиот автомобил. Дури и диск сопирачките се покриени со капаци, слични на барабани. Tipо 184 ќе се произведува под формата на комплет автомобил.

Ова значи дека автомобилот ќе треба да биде склопен во вашата гаража. И покрај тоа производителот ветува да им помогне на првите десет купувачи. Култниот автомобил од Формула 1 може да се купи за само 10.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK