Популарниот британски инфлуенсер Рајан Тејлор е уапсен во Марбеља, Шпанија, откако во река фрлил BMW E46.
Станува збор за 27 годишниот британец кој заедно со неговиот пријател “од забава” најпрво го демолирал возилото, а потоа и фрлил во реката во близина на шпанскиот град.
Тејлор тврди дека возилото во полу-демолирана состојба го купил за 500 евра, а целата оваа акција е снимена и објавена на YouTube.
Инаку шпанските власти издадоа обвинение против Тејлор за загрозување на безбедноста во сообраќајот и загадување на околината.