Се уште трае дискусијата за тоа колку електричните автомобили се безбедни. Истата се отвори откaко неколку Tesla автомобили се самозапалија.
Последното видео кое се појави на интернет оди во полза на оние кои сметаат дека истите се далеку од безбедни. И навистина, со право.
Последниот настан кој се случи во Санминг, град на југот на Кина, покажува дека се уште треба да се работи на електричните возила. Електричен автомобил BAIC-a EX360 експлодира сам по себе додека се полнеше на еден полнач.
https://youtu.be/KWX5aJ63fU8
За среќа во настанот е причинета само материјална штета.