Совети за пумпање и проверка на притисокот на гумите

ОБЈАВЕНО НА:

Бројни перформанси во возењето зависат од гумите, нивната состојба и притисокот. Оттука многу е важно редовн одржување и следење на состојбата на гумите.

Експертите, но и производителите препорачуваат притисокот на гумите да се проверува минимум еднаш месечно, но најидеално е тоа да биде два пати месечно. Ова се препорачува за оние автомобили кои не се опремени со индикатори за притисокот за гумите. За нив, и покрај опременоста со ваков индикатор, сепак се препорачува тоа да го прават минимум еднаш на еден до два месеци.

Возењето на автомобилот со несоодветно напумпани гуми односно притисок доведува до:

  • намалена економичност – поголема потрошувачка на гориво
  • намален рок на траење на гумите
  • намалена безбедност
  • можно оштетување на трансмисијата
  • намалена удобност при возењето

Пумпањето на гумите најдобро е да го правите кога тие не се загреани. Најдобра напумпаност, но и точност на притисокот ќе добиете кога возилото не е во движење 3-4 часа односно не е возено повеќе од 2 километри.

Притисокот на гумите секогаш треба да биде во рамките на препорачаниот од производителот. Доколку истиот не е ист тогаш повторно се појавува можноста за појава на несакани последици, идентични како гореспоменатите.

Многу е важно отпумпувањето на гумите да не го правите веднаш по долго возење. Тоа се препорачува да се направи на ладни гуми. При тоа задолжително е користење на капачиња на вентилите. Без нив, во гумите може да навлезе нечистотија и влага и да предизвика губење на воздухот во нив.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK