Три златни парични правила при купување на автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Македонецот е познат по тоа дека е подготвен да жртвува дел од својата удобност за да се пофали со луксузно возило „на четири тркала“. Дали е тоа разумно? Тешко дека е така. Сепак, останува прашањето за тоа како можеме да процениме колку можеме да платиме за саканиот автомобил без притоа да го оптоваруваме буџетот непотребно?

Затоа секога е добро да се знаат некои совети, а во продолжение ќе можете да ги видите трите популарни „златни правила“ за купување на автомобил.

Правило „20-4-10“

Тоа се применува ако сте решиле да купите автомобил на лизинг. Во принцип тоа значи:

-20% од цената на автомобилот треба да биде износот на почетната рата.

-4 години е препорачаниот максимален рок за плаќање на долгот.

-Не повеќе од 10’ од вашиот месечен приход треба да оди во месечна рата според лизинг договорот.

Правило „4/12“

Тоа гласи: „Автомобилот треба да чини не повеќе од четирипати од вашиот месечен приход“.

Правило „10 години“

Ако се мислите меѓу тоа дали да си купите автомобил од втора рака или нов, можете да го примените правилото  „10 години“. Купете нов автомобил, само ако планирате да го користите не помалку од десет години.

Не заборавјате дека патот кон богатството е изграден од средства чија вредност се зголемува со текот на времето. Автомобилот не е едно од нив.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK