Денеска до полноќ: Одложете го патувањето на грчките острови

ОБЈАВЕНО НА:

Ако патувате за Грција на одмор, особено на некој од островите кај јужниот сосед денеска до полноќ може да имате проблеми со транспортот. Грчките морнари стапија во 24 часовен штрајк што ќе трае до 3 јули на полноќ.

Сегрчката федерација на морнари (ПНО) објави национален штрајк од 00:01 до 24:00 на 03 јули (среда) 2019 година. Актуелниот штрајк ќе ги опфати поморскиот транспорт, каде има многу бродови и фериботи. Од федерацијата бараат потпишување на колективните договори со екипажите на бродовите за 2019 година и зголемување на платата.

Препорака е државјаните кои престојуваат или патуваат во Грција да бидат информирани навремен за поморскиот превоз и можните алтернативи на други видови на транспорт. Во следните 24 часа Грчките траекти ќе останат закотвени во пристаништата додека работниците на бродовите нема да работат поради спорот со патничките бродски оператори.

Па ако сепак морате да одите на некој остров, веројатно ќе доцните извесно време.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK