Во САД се снима филм за Yugo: На пат долг 10.000 км. од Њујорк до Лос Анџелес

ОБЈАВЕНО НА:

Писателот и драматург Филип Грујиќ со автомобил „Југо“ тргна на пат од 10.000 километри, од источниот до западниот брег на САД, со идеја да направи социјален и технички експеримент во форма на документарен филм. .

Грујиќ за N1 телевизијата зборуваше за тоа како Американците реагираат кога го гледаат Yugo, кое беше прогласено за најлошиот автомобил во 1980-тите.

„Како деца родени во деведесеттите, 10 години откако Yugo беше увезен во Америка, сакаме да му дадеме шанса на Yugo да доживее поинаков живот во Америка каков што немал шанса да го доживее од 80-тите“, рече Грујиќ.

Како што истакна, 30 години подоцна сакаат да видат дали можат да возат Yugo од Њујорк до Лос Анџелес или тоа е невозможна мисија.

„Сега сме во Охајо, 13 или 14 ден од патувањето. Југо уште се држи, Трука, има свои проблеми, светлата работат чудно…ама се на се, одиме, не би рекол дека возиме“, изјави Грујиќ.

На својот пат, како што вели, поминуваат и низ приказни со луѓе кои денес возеле или возат Yugo.

„Можам да кажам дека е апсолутен магнет, бидејќи ние го возиме, буквално додека поминуваме, луѓето застануваат и прашуваат дали можат да се сликаат, изјави Филип Грујиќ.

Со нетрпение очекуваме кога филмот ќе биде подготвен за прикажување.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK