Новата Seat Ateca ја освои титулата Autobest 2017

ОБЈАВЕНО НА:

Seat Ateca беше изгласана за AUTOBEST 2017, новото признание за Best Buy Car of Europe 2017, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена.
Со вкупно 1.672 бода, Ateca се избори за првото место со 72 бода предност пред Peugeot 3008. Моделот Toyota C-HR го освои третото место со вкупно 1.469 бода. Citroen C3 и Kia Niro следат во вкупното рангирање.

„Ова беше многу силна конкуренција и прво гласање остварено од 31-членото жири на AUTOBEST од исто толку европски земји. Sеat Ateca ги убеди членовите на жирито во сите погледи преземајќи го водството во вкупното рангирање. Ateca е доста убедливо изразување на Seat-овиот ‘Created in Barcelona’ концепт, новата филозофија на марката воведена од шпанскиот производител. Во име на членовите на жирито и мое лично име, би сакал да им честитам на луѓето инволвирани во проектот. Исто така ми е задоволство и да му ја честитам на Seat првата победа во историјата на AUTOBEST“, рече Илиа Селиктар, претседателот на AUTOBEST жирито.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK