Еве зошто жените се подобри возачи од мажите!

ОБЈАВЕНО НА:

Бројни истражувања во светот во последните години покажаа дека жените се подобри возачи од мажите, но дали тоа е навистина така?

Мажите денес не можат да се помират со тоа дека жените се подобри возачи и честа забава им е критикување на понежниот пол зад воланот. Бројните истражувања го покажаа спротивното или барем така некои тврдат.

Бројни студии покажале дека жените, сепак, се повнимателни зад воланот. Според британските стручањаци на жените им треба повеќе време и труд за да ги совладаат техниките на возење, но затоа се учесници во далеку помал број на несреќи и многу помалку ги чинат осигурителните компании.

Покрај тоа мажите често возат и неосигурани автомобили, а предничат и со возењето под дејство на алкохол. Дури и кога станува збор за возачките навики жените се пред мажите. Истражувањето вели дека мажите поретко вклучуваат трепкачи, а и општата култура во возењето им е на пониско ниво, па често одземаат предност и насилно се туркаат каде што не им е местото.

Многу од возачите денес се згрозуваат на „полжавите“ на автопат и често излегува дека тој „полжав“ е жена зад воланот, но тоа е само уште еден доказ како мажите почесто не ги почитуваат правилата, па пречекорувањето на брзината не им е непознато.

Сепак, мора да се спомене нешто и во одбрана на мажите. Иако истражуањата зборуваат така, сепак, тоа не значи дека тие се подобри возачи. Од горе наведените податоци лаик едноставно може да заклучи како припадниците на поубавиот пол е повешти зад воланот, но тоа во реалноста не е така.

Некои податоци од авто школите велат дека им треба речиси двојно повеќе време и труд за да ги совладаат техниките на возење, но и да се помине на испитите. Процентот на тоа како ги положуваат испитите оди во прилог на мажите. Иако имаат помалку сообраќајна култура, како и во сите спортови се повешти, побрзи и посилни од жените. Повешти се и во возењето на автомобили.

Во критичните ситуации мажите често остануваат со ладна глава и побрзо реагираат, па според тоа и процентот на избегнати сообраќајни несреќи е на страната на мажите возачи. Ако се земат предвид сите овие параметри може да се заклучи дека жените се повнимателни и во поголем број се придржуваат кон сообраќајните правила, а мажите се повешти, побрзо ги учат лекции, но им недостига повеќе сообраќајна култура.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK