Wallyscar од Тунис – се изработува рачно и чини 13.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Wallys Car од Тунис веќе една деценија произведува автомобили, а последниот модел именуван како Wallys Iris предизвика голем интерес. Станува збор за рачно изработен автомобил кој во оваа земја се продава по цена од 35.900 туниски динари или околу 13.000 американски долари.

Каросеријата на автомобилот е изработена од фиберглас, а моторите и бројни други компоненти се увезуваат од Франција.

На официјалниот интернет сајт на производителот наведено е дека овој автомобил располага со 1,2 литарски мотор од 82 КС кој до стотка забрзува за 13,2 секунди, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 158 км/ч.

Интерес предизвикува и фактот што производството на овој автомобил се спроведува рачно во фабриката во Бен Арус. Оттука годишниот максимален аутпут изнесува само 600 примероци.

Инаку овој производител е основан во 2006 година во главниот град на Тунис. Основачи се Зиед Гуига и Омар Гуига, а Iris, по Izis е вториот модел на овој производител.

При тоа треба да се напомене дека фокусот на овој производител е производство на автомобили од рециклирани материјали, а како главни добавувачи се јавуваат Citroen, Peugeot, VDO и UTAC.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK