VW ID.3 GTX влегува во производство

ОБЈАВЕНО НА:

На Саемот на автомобили во Минхен, Ралф Брандстатер, извршниот директор на VW потврди дека концептот со погон на сите тркала наречен ID.X, покажан уште во мај годинава, ќе влезе во производство под името ID.3 GTX.

Моделот со два мотори и погон на сите тркала може да се најде во продажните салони во 2022 година и ќе биде трет од серијата на електрични возилата на VW што ќе добијат значка GTX. Веќе се потврдени теренецот ID.4 GTX и уште поголемиот ID.5 GTX.

Брандстатер потврдил дека производствениот ID.3 GTX нема да биде како концептот ID.X. Концептот беше придвижуван од дво-моторен погон кој испорачува комбинирана моќност од 329 КС на сите четири тркала.

Но, GTX најверојатно ќе користи дво-мотор со 295 КС, веќе виден во ID.4 GTX. Се тврди дека теренецот достигнува 100 км/ч. за 6,2 секунди, но помалиот ID.3, со помала тежина, треба да има и подобри резултати.

Таквите перформанси би ги ставиле помеѓу Golf GTI и Golf R, но може да има уште повеќе. Името на GTX е јасно дизајнирано за да покаже дека тоа е електричен еквивалент на VW со значка слична на GTi, а VW не ги отфрли R верзиите на своите електрични автомобили што ќе се појават во иднина.

Брандстатер исто така, одбил да ја отфрлил можноста за појава на кабриолет со ознаката на ID.3. „Одлуката се уште не е донесена, но ние го креираме концептот“, рекол извршниот директор на VW појаснувајќи дека е заинтересиран за идејата.

„Сакам да имамe кабриолет. Возев со електричен концепт кабриолет и многу е кул да возиш надвор во природата, но не слушаш ништо – само ветрот, забрзувањето и самиот. Тоа е сосема друго чувство, навистина е убаво “.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK