Volkswagen и Porsche ќе повикаат на дополнителен сервис 227.000 возила поради проблеми со воздушните перничиња и ремените.
Штутгартер Цатунг и Ројтерс пишуваат дека станува збор за моделите VW Tiguan, VW SHaran и VW CC произведени во 2015 година како и Porsche 911, Porsche Boxster, Porsche Cayman и Porsche Panamera произведени во 2015 и 2016 година.
Сојузната моторна управна на Германија, KBA, го издаде отповикувањето додавајќи дека на возилата им е потребно ажурирање на софтверот за контрола на воздушните перничиња. При тоа Volkswagen преку официјално соопштение потврди дека со повлекувањето опфатени ќе бидат речиси 227 илјади возила додека 23.500 возила потврди Porsche.
За разлика од автомобилите на Volkswagen, главната причина поради која ќе се повлекуваат автомобилите на Porsche се детектираните проблеми со сигурносните ремени.