Cupra ќе има свои изложбени салони во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Првично ќе има околу 20 таканаречени градски гаражи на Cupra …

Scout не е единствениот бренд на Volkswagen Group кој доаѓа во САД. Имено, Cupra, марката на SEAT, ќе пристигне од другата страна на „големата бара “ до крајот на оваа деценија. Извршниот директор Вејн Грифитс вели дека шпанската марка, која е родена пред само седум години, ќе има свое седиште и ќе работи надвор од ентитетот Volkswagen Group of America. Предвидени се и посебни салони.

Шефот на компанијата изјави за Automotive News дека дури 20 таканаречени Градски гаражи на Cupra (Cupra City Garage) ќе бидат отворени во САД, особено долж источниот и западниот брег и во државите на Сончев појас. За да ги забрза работите, Cupra соработува со Penske за да отвори салони. Оваа стратегија е различна од Scout, која има за цел да продава автомобили директно на купувачите.

Иако првичната намера беше да се донесе Cupra во Америка строго како производител на електрични возила, тоа повеќе нема да се случи. Во интервју за Motor1 кон крајот на минатата година, Грифитс рече дека ќе има хибридни, plug-in хибридни, па дури и автомобили со само бензински мотори, покрај електричните модели. Наместо само да носи автомобили што се продаваат во Европа, Cupra сака да има постава фокусирана на бараната на клиентелата во САД, вклучително и автомобил склопен локално.

Дизајнерскиот јазик ќе биде сличен на оној на автомобилите што се продаваат во Европа. Сепак, за подобро да одговараат на американските вкусови, моделите фокусирани на САД ќе бидат поголеми и, според тоа, попространи.

Интересно, Грифитс рече дека автомобилот Cupra што ќе го произведува во Северна Америка, исто така, ќе се извезува.

Инаку, само еден модел ќе биде достапен кога марката Cupra ќе биде лансирана во САД, а вториот ќе пристигне во текот на следните 12 месеци.

Среднорочната цел е да се продаваат приближно 100.000 единици на годишно рамниште. Колку само за споредба ќе наведеме дека Volkswagen America минатата година продаде 379.178 автомобили, што е за 15,2 отсто повеќе од претходната 2023 година. Cupra испорача 248.100 единици на глобално ниво во 2024 година, што е зголемување од 7,5 проценти во однос на 2023 година.

 

Cupra моментално има седум модели во своето растечко портфолио, со crossover креации кои доминираат во линијата.

Сепак, луѓето од Европа и другите пазари сè уште можат да го добијат Leon, компактен хечбек, поврзан со VW Golf. Доаѓа и во верзија на караван, комплетирана со VZ верзија со високи перформанси која во себе „пакува “моќ поголема од 300 коњски сили и погон на сите тркала, што претставува „ехо “ на long-roof Golf R“. Навистина би сакале да го видиме на страна, но со оглед на сегашната ситуавија и глобалната популарнодт на SUV моделите, тие се поверојатни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK