Април е еден од најлошите месеци за автопроизводителите. Причината за тоа е огромниот пад на продажбата на нови автомобили предизвикана од коронавирусот.
Во речиси сите земји во Светот продажбата на нови автомобили значително опадна, а во Индија пак, во април не е продаден ниту еден нов автомобил. Следствено на тоа огромен пад на продажбата забележаа и сите производители.
Така Volvo во минатиот месец испорачал само 31.760 автомобили ширум светот. Тоа претставува пад од 43,8% во споредба со истиот месец минатата година. На сите регионални пазари Volvo оствари пад и покрај порастот од 20,8% во Кина каде продаде 14.724 возила што е речиси половина од вкупната продажба на Volvo.
И Hyundai објави лоши продажни резултати. На глобално ниво продажбата се намали за 57% испорачувајќи само 159.079 возила. Во соопштението на јужнокорејскиот производител се наведува дека значителен пад е забележан во Кина каде продажбата е намалена за 18%.
Покрај овие производители, значителен пад остварија и Fiat, Alfa Romeo, Citroen, Audi, BMW, Mercedes…