Volkswagen објави фотографии од новиот Lamando

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen објави официјални фотографии од втора генерација од моделот Lamando. Volkswagen го претстави новиот Lamando кој германскиот производител го произведува заедно со SAIC, а е наменет за кинескиот пазар.

Се работи за модел кој ја заменува првата генерација која беше претставена во 2013 година, а од 2014 година започна производството во Нигбо, Кина.

Се базира на MQB Evo платформата па оттука должината на овој модел изнесува 4.784 мм, ширината 1.831 мм, висината 1.469 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.731 мм.

Во однос на мотористиката, засега е потврден 1,4 литарскиот бензински мотор со 140 КС и опционален седум степен автоматски менувач. Иако нема потврда, во понудата треба да се најдат и актуелните 1,8 литарски и 2,0 литарски бензински мотори.

Повеќе официјални податоци за техничките карактеристики ќе бидат познати кон крајот на овој месец. Во производство, втората генерација ќе се појави кон крајот на август.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK