Volkswagen има нов електричен концепт I. D. Buzz Cargo

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот за комерцијални возила во Хановер, Volkswagen го претстави концептот за товарно возило на струја кое ќе служи како основа за идните сериски модели. VW I.D. Buzz Cargo е лесно комерцијално возило на електричен погон, кое е дизајнирано според угледот на некогаш популарното комби на Volkswagen.

Концептот е базиран на патничката верзија I.D. Buzz претставена пред неколку години. Cargo варијантата користи иста механичка МЕВ платформа наменета за автомобилите на струја на Volksqagen.

Кога станува збор за димензиите тие се во рангот на современиот VW Транспортер, Должината изнесува 5.048 mm, ширината 1.976 mm, a висината 1.963 mm. Растојанието меѓу оските е 3.300 mm.

Volkswagen соопшти дека I.D. Buzz Cargo е опремен со самовозечка технологија I.D. Pilot, што значли дека автомобилот може да го управива и компјутер.

Според новиот WLTP циклус, возилото ќе има можност со едно полнење да поминува од 330 до 550 километри во зависност од големината на батеријата и верзијата на возилото, а може да се зголеми 15-тина километри дневно благодарение на соларниот панел на кровот на возилото.

I.D. Buzz Cargo може да користи батерии со капацитет од 48 kWh до 111 kWh. Верзијата која е изложена на саемот во Хановер има електромотор со 204 коњски сили (150 kW), кој ја придвижува предната оска и литиум-јонски батерии од 48 kWh. Максималната брзина е ограничена електронски на 160 км/ч.

Се очекува серискиот модел да се најте на пазарот најрано во 2021 година.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK