Volkswagen Group: Распродадени се електричните возила во Европа и САД за 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Групацијата Volkswagen (која ги вклучува Volkswagen, Audi, Porsche, Skoda, SEAT… ) потврди дека побарувачката за нејзините електрични автомобили значително го надминува производствениот капацитет. Извршниот директор на групацијата VW, Херберт Дис, неодамна изјави за Фајненшл Тајмс дека BEV (целосно електричните возила) се во основа распродадени за 2022 година во Европа и во САД, бидејќи заостанатите нарачки само во Западна Европа достигна 300.000:

Тоа значи дека новите нарачки направени сега (барем за повеќето електрични модели) ќе резултираат со испорака во 2023 година. Тоа не е добра порака за клиентите кои би сакале да купат нов автомобил, особено затоа што поради инфлацијата, новиот модел може да бидат поскап.

Групацијата Volkswagen продаде околу 99.100 целосно електричнo возила во текот на првиот квартал од 2022 година (за 65% повеќе од годишно), вклучително 58.400 во Европа, 28.800 (над 27.100 od ID семејството) во Кина и 7.900 во САД.

Планот за 2022 година е да се продадат приближно 700.000 BEV (вклучувајќи 140.000 во Кина), за што би биле потребни просечни 200.000 по квартал во преостанатите три квартали. Претходниот најдобар квартал беше четвртиот квартал од 2021 година со 159.800 единици, така што не е лесна задача, особено со глобалните ограничувања за снабдување и заклучување во Кина.

Според извештајот, се очекува дека, во текот на оваа година, компанијата постојано ќе го зголемува обемот и уделот на BEVs секој квартал.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK