Volkswagen го претстави Taigun – малиот SUV наменет за Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Во декември минатата година германскиот производител го објави деталниот план за освојување на индискиот пазар кој предвидува лансирање на нови, четири SUV модели. Прв во низата е моделот Taigun кој официјално беше претставен на саемот за автомобили во Њу Делхи.

Станува збор за мал SUV кој се базира на MQB-A0-IN платформата, инспириран од евопскиот модел T-Cross. Димензионално, но и естетски е идентичен на овој модел. Во понудата доаѓа со стандардниот 1,0 литарски трицилиндричен TSI мотор со 115 КС како и 1,5 литарскиот четирицилиндрен TSI мотор со 130 КС.

 

“Volkswagen Групацијата ќе инвестира околу 1,1 милијарда американски долари до 2022 година во Индија, вклучувајќи и во центарот за истражување и развој во Пуне” изјави директорот на Volkswagen India, Штефен Кнап во пресрет на промоцијата на овој модел со што јасно се става дознаење дека по Кина, Индија е другиот најголем пазар кон кој е сконцентриран Volkswagen.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK