На саемот во Шангај раководните лица на Volkswagen ги открија плановите за електричната иднина кои се повеќе од импресивни.
Носител на визијата за електричната иднина на германскиот прозиводител ќе биде целосно електричниот SUV кој се базира на ID Roomzz концепт кој беше претставен токму на саемот во Шангај. Oвој концепт кој во производство треба да се појави во 2021 година има можност и за три реда седишта што по својата димензија и функционалности треба да биде конкурент на моделот X на Tesla.
Првиот човек на VW, Хербер Диз, изјави дека овој модел треба да биде во првите борбени редови во освојувањето на кинескиот пазар. “Планираме да произведеме повеќе од 22 милиони електрични автомобили во наредните 10 години” изјави Диз.
Маркетинг директорот на компанијата Јирген Штакман, за AutoExpress изјави дека овој автомобил ќе се произведува во САД што значи дека ќе биде достапен и во оваа земја, но при тоа купувачите во Европа нема да може да го најдат во салоните на Volkswagen.
Овој концепт е со должина од 4920 мм и располага со 82 киловатна батерија која може да се полни wireless. Со целосно наполнета батерија ќе може да се помине и до 450 километри. До 100 км/ч ќе забрзува за 6.6 секунди.
Во рамките на саемот свое обраќање имаше и Томас Улбрих кој изјави дека до средианта на 2023 година компанијата ќе лансира 33 целосно електрични автомобили користејќи ја MEB платформата. При тоа овие автомобили ќе бидат брендирани под брендовите Skoda, Seat, Audi и Volkswagen.