Во САД најмногу се „твита“ за Ford и Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Последната интересна статистика од САД поврзана со авто индустријата се однесува на најспомнуваните брендови на Twitter. Според резултатите, Ford и Tesla се убедливо најспомнуваните брендови.

Од податоците базирани на Twitter геотагирањето, САД е поделена помеѓу Ford и Tesla кои се убедливо најспоменуваните брендови. Тие се на врвот во сите сојузни држави со исклучок на Хаваи каде на врвот се наоѓа јапонскиот производител Honda.

Во Калифорнија, каде што и се наоѓа седиштето, убедливо на врвот се наоѓа Tesla, пред Ford кој речиси е израмнет со Honda. Од друга страна, во Мичиген, од каде што и потекнува Ford, на врвот се наоѓа Ford пред Tesla на втората и Honda на третата позиција.

На листата топ 5 најспоменувани брендови, покрај Tesla и Ford се наоѓаат уште Chevrolet, Honda и Toyota. Оттука, треа да се забележи дека ниту еден европски бренд не се наоѓа на листата од топ 5 најспоменувани брендови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK