Во Македонија ќе се произведуваат ретровизори за BMW, Mercedes, Volkswagen, Toyota…

ОБЈАВЕНО НА:

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга е ставен камен темелникот за новата фабрика на канадската компанија Magna. Се работи за компанија основана во 1957 година, а која меѓу другото се занимава со производство на најразлични делови за автомобилската индустрија.

Според најавите од компанијата, во Струга ќе бидат инвестирани околу 35 милиони евра, а овие финансиски средства ќе бидат инвестирани сукцесивно, почнувајќи од оваа па се до 2026 година. При тоа, во производствениот погон од 17 илјади метри квадратни ќе работат до 1.200 лица.

Во оваа фабрика ќе се произведуваат ретровизори за автомобилската индустрија, а истите ќе бидат наменети за автомобили од брендовите на FCA, Volkswagen, BMW, Mercedes, Toyota…

Некои македонски медиуми пренесоа дека првите ретровизори ќе бидат наменети за новата генерација на Dacia Duster.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK