Во Кина има неверојатни 487 производители на електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Верувале или не, но во Кина во моментов постојат 487 производители на електрични автомобили. Ова произлегува од најновата анализа која ја објави Вол Стрит Журнал.

Причината за оваа бројка која секојдневно бележи пораст е десетгодишната стратегија “Кина 2025” иницирана директно од претседателот на оваа земја, Џинпинг, а според која Кина треба до 2025 година да прерасне во светски предводник во овој вид на технологија. При претставувањето на оваа стратегија, Џинпинг потенцираше дека електричните возила ќе бидат една од клучните индустрии за напредок на оваа земја и подигнувањето на меѓународната конкурентност.

За реализирање на оваа стратегија, владата на Кина веќе додели повеќе од 15 милијарди долари во вид на субвенции, а припрема уште неверојатни 47 милијарди, пренесува американскиот весник.

Сепак од Вол Стрит пренесуваат дека во наредните неколку години од овие 487 производители се очекува да преживеат само 1% што пак е бројка која не треба да се игнорира особено ако на овие производители се придодадат и моментално многуте кои произведуваат традиционални автомобили.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK