(Видео): Камион што „лета“ 37 метри – Kamaz Rally Truck

Владателот на релито Дакар во конкуренција на камиони, Kamaz зад себе има 14 титули. Тоа го оствари на различни терени, претежно на песок и пустински предели, но и многу места кои изгледаат непроодни.

Но, рускиот производител покажа дека знае да ги мине и сите предизвици на снег, особено и да покаже дека може да лета! Во видеото што ќе го погледнете, Kamaz „лета“ преку 37 метри.

Моторот што го има вградено во камионот е V8 дизелски од што се извлекуваат 1.000 КС, а 10,5 тони тешкиот камион до стотка забрзува за 11,5 секунди.
Камионот развива брзина од 140 км/ч. има резервоар за 1.000 литри. За оваа прилика се користат новите гуми Continental 14.00 R20 164/160K HC.

Но, најдобро е да ги видите сите овие работи на видео.