петок, 26 мај, 2026 година

Ford ќе нуди нови патнички автомобили во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ford планира повторно да развива нови патнички автомобили за европскиот пазар, потврди Кристоф Хер, раководител на брендот за германскоговорните земји, во видео-конференција со дилери.

Извршниот директор на компанијата, Џим Фарли, најавил дека повторно ќе се стави фокус на развојот на патнички автомобили во Европа – откако последниве години американскиот производител ги намали своите патнички модели за да се концентрира на попрофитабилниот сегмент на лесни комерцијални возила.

- Advertisement -

Од понудата беа повлечени популарниот Fiesta, како и минивановите Galaxy и S-Max. Производството на компактниот Focus исто така ќе заврши оваа есен.

Во моментов, најпродаван патнички автомобил на Ford во Европа е малото кросовер возило Puma, со 64.212 продадени единици во првите пет месеци од 2025 година, според истражувачката агенција Dataforce. Потоа следуваат SUV моделот Kuga со 44.573 продадени и Focus со 32.499.

Новиот целосно електричен Explorer, како и враќањето на Capri во електрична верзија, засега имаат слаби продажби — до мај Explorer е продаден во 15.764 примероци, а Capri во само 5.068.

Иако Ford не сакаше да ги коментира своите идни планови за моделите, дилерите ја пречекаа веста со одушевување. „Ова е огромно олеснување. Ни требаат нови модели — и тоа не само електрични,“ изјави еден дилер за Automobilwoche.

Друг дилер додаде: „Ја сакаме оваа марка – таа е дел од Европа и така треба и да остане.“

Оваа најава буди нов оптимизам кај многу дилери и вработени во автомобилската индустрија ширум Европа.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја