петок, 25 јули, 2025 година

Volkswagen нема да ги откупува старите дизели

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот производител, погоден од Дизелгејт скандалот, Volkswagen потврди дека нема да ги купува старите дизел автомобили. Оваа вест доаѓа откако во Германија се појавија информации дека раководството на Volkswagen Групацијата наводно се одлучило да ги откупи старите автомобили погодени со најголемиот скандал во историјaта на авто индустријата.

Наместо откуп, Volkswagen ќе го поддржи ретрофитингот на овие автомобили односно ќе го поддржи вградувањето и надградбата на постоечката опрема со цел тие да станат помалку штетни за околината. Истовремено, Volkswagen ќе понуди и поволности на постоечките сопственици на Volkswagen при купување на нов автомобил.

- Advertisement -

Според германскиот весник Шпигел, ваквата одлука паднала на состанокот помеѓу германскиот министер за транспорт, Андреас Шојер и првиот човек на VW, Хербер Диз на кој е договорено постоечките автомобили да добијат дополнителни, поефикасни филтри.

Во Германија веќе подолг период е актуелна дискусијата околу дизел возилата. Неколку градови вклучувајќи ги Франкфурт, Хамбург, Штутгарт и други, донесоа забрана за многу дизел автомобили кои не ги пресретнуваат бараните стандарди, а голем дел од тие автомобили се токму од Volkswagen Групацијата. Оттука тие веќе подолго време се во комуникација со германските надлежи служби со цел да изнајдат решение поволно за сопствениците на истите.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја