Tj Cruiser – еден поинаков автомобил на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2017 година Toyota го претстави концептот Tj Cruiser на саемот во Токио. Сега, по речиси две години според неофицијалнит информации овој модел ќе влезе во производство.

Продукциската верзија на овој автомобил ќе дебитира во октомври на саемот во Токио, а веднаш потоа се очекува да се појави и во продажба во оваа земја.

Од претходно достапните информации, димензионално, овој автомобил ќе биде приближно како о C-HR, но помал од Fj Cruiser, модел кој се продаваше во периодот од 2010 до 2017 година.

Tj Cruiser се базира на TNGA платформата, а покрај во хибридна варијанта, достапен ќе биде и со 1.8 литарски и 2.0 литарски бензински мотори.

Повеќе информации се очекува да бидат познати во октомври кога ќе се одржи и саемската премиера.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK