Peugeot изненадени од побарувачката за новиот 208

ОБЈАВЕНО НА:

Тешко е да направиш автомобил на кој сите ќе се восхитуваат, но уште потешко е кога ќе создадеш автомобил чија побарувачка е поголема од онаа што ти можеш да ја задоволиш.

Со ваков проблем се соочува Peugeot откако и официјално започна со продажбата на новата генерација на моделот 208.

По само една недела, побарувачката за овој автомобил во централноевроските земји е многу поголема отколку што беа очекувањата на францускиот производител па оттука Peugeot се наоѓа на слатки маки – како да ја задоволи побарувачката?

Целокупното производство на овој модел се одвива во фабриката на PSA Групација во Мароко, а за целите на производството на овој модел компанијата инвестираше дополнителни 557 милиони евра. При тоа планирано е годишно производство од 200 илјади автомобили.

Сепак огромната побарувачка може да го активира планот Б и да започне овој модел да се произведува во некои од европските фабрики на PSA Групацијата.