Нов рендер од новиот Volkswagen Amarok

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на годинава Volkswagen соопшти дека става крај на производството на моделот Amarok во Европа. При тоа беше најавена и новата, втора генерација од овој модел.

По бројните рендери за можниот изглед, со свој рендер излезе и еминентниот германски магазин за автомобилизам AutoBild чиј рендер е многу сличен како и претходно објавениот. A бидејќи се знае дека германскиот магазин е близок со производителот, тогаш сигурно дека и рендерот е доста веродостоен.

Новата генерација која се очекува да се појави кон крајот на следната година се развива во соработка со Ford па оттука не треба да не чуди сличноста во одредени работи со F серијата на американскиот производител.

За потсетување, овој модел беше претставен во 2008 годна, а година подоцна започна и сериското производство. Ширум светот е достапен со три мотори и тоа бензински 2,0 литарски како и 2,0 литарски TDI и 3,0 литарски TDI V6 мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK