Nissan LEAF е најбезбедното електрично возило во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на првиот стопроцентно електричен автомобил во светот, LEAF доби највисока можна оценка од пет ѕвезди за безбедност. Оваа вест ја објавија од компанијата Nissan, која е презадоволна од добиените резултати.
Новиот Nissan LEAF, располага со технологиите за автономно управување од семејството ProPILOТ. Од максималните 100 проценти доби оценка од 94,8 проценти за време на краш тестовите од програмата JNCAP (Japan New Car Assessment Program). Истата е иницирана од јапонското министерство за инфраструктура, транспорт и туризам, како и од Националната агенција за автомобилска безбедност на Јапонија.

Од Nissan информираат и дека за време на испитувањата, од основно значење за високата оценка биле и врвното купе на новиот LEAF, шестте воздушни перничиња, седиштата засилени со потпирачи за глава и странични рамки, сигурносни ремени со копчиња, оптимизирана позиција на седење за патниците на задните седишта и други.

Новиот Nissan LEAF успешно го поминал и специјалниот дополнителен тест. Целта била да се провери колку добро се заштитени возачот и неговите сопатници од директен удар во случај на инцидент на патот со електромобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK