Lada ќе прави хибридна Vesta

ОБЈАВЕНО НА:

Во Lada размислуваат за хибридно возило и веќе почнуваат на работа на овој автомобил, а се работи конкретно за Lada Vesta која ќе има бензин-електрична верзија. Ќе биде користен целосно нов електромотор со исклучително високи експлоатациски показатели изработени од „Електротранспортни технологии“.

ДВИТ-40 има можност за 10000 вртежи во минута и има коефициент на полезно дејство од 93 проценти. Чини два и пол пати помалку од сличните возила од странство. Според тоа дволитарскиот дизел е и проектиран за автомобили со тежина до три тона.

„Електромоторот е изработен од железо и мед. Сите детали се произведени во Русија. Тоа го прави еден од наевтините во светот. Нема стравување од прегревање и од претоварување, кои можат да достигнат до 80 кВт номинално од 40 кВт”, велат од „Електротранспортни технологии“.

Русите ја израмнуваат ДВИТ-40 со швајцарскиот MES 40 kW, кој тежи 97 кг и има димензии 471 на 235 мм. Популарен на пазарот е и кинескиот CMLA28 со тежина од 54.4 килограми и размер 600 на 430 мм. Рускиот електромотор тежи 45 кг при димензии 220 на 340 мм.

Во моментов „Електротранспортни технологии“ работат тестови на прототип на Lada Vesta со новиот електромотор. Русите не кажуваат по каква шема ќе се работи за поставување на хибридната моќ, паралелна или последователна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK