Ќе изгледа ли вака електричната i7-ца на BMW?

ОБЈАВЕНО НА:

BMW официјално потврди дека електричната верзија на серија 7 која ќе го носи називот i7 официјално ќе биде претставена во 2023 година, откако претходно ќе биде претставена новата генерација на серија 7.

Оваа вест беше доволна за на интернет да се појави неофицијален рендер од изгледот на овој електричен автомобил.

Неофицијално се дознава дека i7 ќе добие повеќе од 500 КС и батерија од 100 kWh која според WLTP стандардите би обезбедила околу 500 км. Помоќната верзија i7S би располагала со 670 КС и батерија од 120 kWh со автономија од 600 км.

Двете верзии на електричното BMW ќе имаат повеќе од еден електромотор, но и погон на сите четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK