И полицијата во Мексико добива Tesla Cybertruck

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla објави дека за моделот во најава, Cybertruck пристигнале речиси 620 илјади нарачки, а последните неколку денови и полицијата во Абу Даби објави дека капарисала неколку примероци.

По полицијата во Абу Даби, и полицијата во Сиудад Ваљес објави дека го уплатила потребниот депозит за нарачка на ова возила.

Управата на полицијата во овој мексикански град потврди дека на сметката на американскиот производител уплатила 1.500 долари за 15 примероци од Cybertruck односно 100 долари по возило.

Локалните медиуми пишуваат дека градоначалникот на градот веќе му испратил и рендери на Илон Маск за тоа како треба да изгледаат овие возила.

Според планот на производство, овие возила полицијата во Ваљес на располагање ќе ги има во текот на 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK