Bеntlеy: Пандемијата ќе ја забрза транзицијата кон електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Потребата за оптимизација на потрошувачката за време и после пандемијата на коронавирусот ќе ги принуди производителите на автомобили побрзо да преминат кон електрифицирани возила, вели извршниот директор на Bеntlеy, Aдријaн Хoлмaрк.

„Требаше безмилосно да ги оптимизираме и контролираме расходите. Во тој поглед дејствијата кои ги презедовме без поврзани со мотори со внатрешно согорување. Првично забавивме или тргнавме одредени мотори од понудата“, вели Холмарк, зборувајќи за средба на Здружението на производители и трговци на автомобики, ЅММТ.

„Сите наши хибриди и електрични превозни средства напредуваат. Ние и индустријата можеме да го видиме тоа како природен забрзувач на зелените технологии. Ако треба да дадете приоритет на што би се обложиле – повеќе коњски сили или повеќе технологија на батерии? Очигледниот одговор е втората алтернатива“, дополни шефот на Bеntlеy.

Неодамна производителот на автомобили од Велика Британија објави дека ќе се скрати речиси една четвртина од работната сила бидејќи ќе го преструктурира целиот бизнис по иницијативата наречена Bеyоnd100. Планот има за цел да го претвори Bеntlеy во „секторски определена, финансиски независна и еластична компанија“.

Холмарк кажа дека од неговото пристапување во 2018 година до компанијата има претрпено три кризи. „Првата беше внатрешна, затоа што не бевме доволно подготвено за WLTP регулативите, втората беше подготовка за тврд Brexit, а третата – Ковид 19.

Вистината е дека кризите можат да бидат очекувани иако и не толку често. Клучот за справување со нив е како флексибилноста, треба да бидеме иновативни, соочувајќи се како со новите реалности така и со парите. При запирањето на производството поради Ковид 19, предвидовме три месеци без никакви приходи и се подготвивме за тоа. Ја затворивме фабриката рано и во рано и ја рестартиравме. Во рамки на три до четири недели ние мораме да произведеме над 100% од нормалниот капацитет“, објасни Холмарк.

Тој додаде дека месечни расходи на Bеntlеy cе 88 милиони фунти, а платите не се најтешкото перо.

Зборвајќи за времето после Ковид 19, Холмарк вели дека компанијата ја разгледува пандемијата како точка за пресврт, а не како крај. „Ние гледаме светла иднина надвор од оваа криза и веруваме дека е пожелно така што е можно да го направиме нашиот бизнис и нашите модели одржливи. Ние сме целосно посветени да го електрифицираме производствениот процес најбрзо што може. Веќе ја стабилизиравме нашата фабрика“, вели шефот на Bеntlеy.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK