Batmobil на продажба, цената е вистинска „ситница“ (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Половен автомобил Batmobil е поставен за продажба, а ова е една од најдобрите реплики досега и цената е вистинска ситница.  Сепак, доколку сте фан на Dark Knighta и притоа имате многу пари можете да дојдете до овој модел.

Ако сте во таква ситуација тогаш ова е можност во која можете да станете сопственик на свој примерок на Batmobil за „ само“ 850.000 долари. Така можете да ја исполните својата фантазија и во неа да бркате криминалци. Доколку ги исполнувате условите, го сакате ова возило и имате многу пари, можете да го купите во Русија за оваа сума.

Репликите на Batmobil и не се така чести, но ги има во различна состојба, од лоши макети кои едвај стојат, преку оние кои само возат, до врвни примероци како што е оваа на фотографиите и за која многумина велат дека се работи за реплика која не само што има изглед како оригиналот туку и вистински перформанси во пракса, па многу ја нарекоа подобра и модерна верзија од оригиналот Tumbler кој настапи во Dark Knight трилогијата.

Оваа реплика има агресивен облик и има вградени одлични и врвни звучни ефекти. Широка е четири метри, па со оглед на тоа што не е можно да се води каде било освн во природа далеку од патиштата. Погонот е со 5.0 литарски мотор кој го придвижуваат задните тркала.

Има најголема брзина од 100 км/ч и bulletproof прозорци, термална камера со зум од 255х, и камера за ноќно гледање. Се работи за реплика на Batmobil, но дали е вредна за огромната сума на пари?

Оваа реплика во Русија е увезена во 2018 година од САД, a ја доработи рускиот Fast Boom Pro и ја стави во продажба за 850.000 долари. Ако тоа ви се чини премногу, треба да се напомене дека задниот Batmobil е продаден по цена од 1,1 милион долари, а се работи за реплика од Tim Burton/Michael Keaton Batmobil  од 1989 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK