четврток, 25 јули, 2025 година

„Автомобилност“ на состанок со министерот Оливер Спасовски

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со претставниците на невладината организација „Автомобилност“, Агрон Сулејман и Горан Антевски, на која се разговараше за начинот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Автомобилност е Организација во чија мисија една од целите е подобрување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата. МВР е партнер со кој во иднина треба да се соработува сериозно на поодбрување на сообраќајната култура и безбедноста. Автомобилност работи на едукација н алуѓето за сообраќајот, безбедност, правилата и прописите, развивање на свеста за користење на чисти технологии, едукација околу еколошките начинио на транспорт и нивното влијание врз животната средина.

- Advertisement -

Дел од Автомобилност е и www.24auto.mk како партнер кој треба да придонесе за зголемување на сообраќајната свест кај учесници во сообраќајот, намалувањето на незгодите и прекршоците и подобрување на сообраќајната инфраструктура.

Според податоците, 2020 година е година со најмал број на жртви во сообраќајните незгоди, но МВР продолжува со мерки и активности за оваа бројка и натаму да се намалува и во 2021 година, а предлозите и идеите од невладините организации во оваа насока секогаш се добредојдени.

Соговорниците го истакнаа видливиот ангажман на сообраќајната полиција на терен, што е многу значајно за реализација на еден од клучните приоритети на МВР и во оваа година- намалување на бројот на сообраќајни незгоди и на жртви во незгодите, а се разговараше и за другите начини како да се подобри безбедноста на патиштата.

Се надеваме дека е ова почеток на една долгорочна соработка која ќе може да придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, но и на многу други полиња на меѓусебна соработка.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја