четврток, 25 јули, 2025 година

Audi A5 и Q2 со највисоки оценки на ЕуроНЦАП тестот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новите модели на Audi, A5 и Q2, добија највисоки оценки од Европската програма за проценка на нови автомобили (Euro NCAP) и со тоа ја потврдија нивната позиција меѓу најбезбедните возила на пазарот.
Признанието се однесува на безбедноста на возрасните, децата и на пешаците, а една од главните причини за одличниот пласман е системот на итно сопирање.

Audi Q2 е опремен со систем кој детектира дали има други автомобили или луѓе на патот и доколку има опасност од судир најпрво го предупредува возачот, а потоа ги вклучува автоматските итни сопирачки.

- Advertisement -

Моделите Audi A5 Coupè и A5 Sportback исто така добија највисоки оценки, односно пет ѕвезди, од експертите. Тоа генерално е резултат на системот кој придонесува за безбедност на возилата. Кога автомобилот се движи со брзина од 85 километри на час, овој систем го скенира патот и доколку забележи потенцијален судир возачот добива серија на предупредувања и во случај на итност се иницира сопирање. При брзина од 40 километри на час незгодите можат целосно да се избегнат, а при 85 километри на час предупредувањата и сопирањето ја намалуваат силата на ударот.

Новиот Audi A5 има вградено и импресивен број на помошни системи меѓу кои и за избегнување на судири и асистенција при вртење. Првиот му помага на возачот да заобиколи некоја пречка, а вториот го следи сообраќајот при вртење со помала брзина. Во опасни ситуации целосно го запира возилото за комплетно да го спречи вртењето доколку има опасност од судир.

Програмата Euro NCAP е формирана пред речиси две децении со цел да се тестираат новите автомобили, а критериумите и правилата на оценување од година во година се засилуваат.

ПР соопштение на Порше Македонија

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја