Уметнички Ford по цена од 2,25 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

На популарниот германски сајт за продажба на автомобили mobile.de се појави оглас на кој се продава Ford автомобил од 1983 година.

Огласот не би бил ништо посебно доколку цената на овој автомобил не изнесува 2,25 милиони американски долари, а вниманието на јавноста го привлече со самиот екстериер.

Така овој автомобил не може да се пофали со сочуван мотор и ентериер колку што може да се пофали со екстериерот каде е претставена уметничка поставка креирана од страна на Џорџ Лиланга, еден од најпознатите африкански уметници.

Овој автомобил кој располага со 3.8 литарски бензински мотор со 120 КС и автоматски менувач претходно бил огласен по цена од 4,9 милиони долари, но по година пауза неименуваниот сопственик се предомислил и ја намалил цената за речиси двојно.

Инаку Џорџ Лаланга е уметник роден во Танзанија во 1934 година. Во изминатиот век прерасна како еден од најпознатите и најфамозните афиркански уметници кој своето творешство го создал на најразлични локации во САД, Африка, Европа, Индија и Јапонија. Оттука неговите креации се особено почитувани во кругот на колекционерите ширум светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK