Twingo Cup в година повторно на европски патеки – почнува и завршува во Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Следната сезона во Twingo Cup повторно ќе има македонски возачи и караванот ќе се состои од седум трки, сите на познати европски патеки. од седумте планирани трки Македонците ќе возат на шест. Планирано е сезоната да почне во април со трка на Имола (Италија), да има трки на Хунгароринг, Словакиаринг, Гробник, Брно, Муџело и Мисано.

Покрај тоа што ќе има три нови патеки во календарот, сите во Италија, за 2023 година ќе има и други новитети во првенството.

„Ќе има баланс со тежина за најдобрите. Целта е да нема постојано исти кои би биле меѓу победниците, па затоа после секоја трка ќе се ставаат дополнителни килограми од 20 до 40 кг. во зависност од местото. Ќе има постојан директор, судија, и технички делегат. Плус ќе има бодување на класа на возачи кои имаат над 40 години.. Сите ќе бидат наградувани посебно на секоја трка. Слично коко во TCR, вели Зоран Калеников од AKK Рено Спорт кој е организатор на Twingo Cup во интервју за www.24auto.mk

Оние возачи што на крајот од сезоната ќе бидат најдобри ќе имаат шанса да возат четири трки (два тркачки викенди) во Clio Cup.

„Првите тројца од Twingo Cup од првенството на Македонија и севкупно, и на оние од Словенечки Куп ќе им се овозможи да возат во Clio Cup, на два тркачки викенди. Ќе можат да се пробаат во повисока класа. Ќе се натпреваруваат меѓу себе. Од тоа што ќе го постигнат на тој викенд, ќе видат дали имаат квалитет да продолжат понатаму. Некои од нив ќе возат и цела сезона во Clio Cup. Тој е скап, од причина на делови и мотори. Но, од друга страна, токму Clio Cup е единствен што има лансирано толку многу светски возачи. Речиси да нема возач кој не возел во Clio Cup. Тоа е одлична отскочна даска, вели Калеников.

Прочитајте го целото интервју на Зоран Калеников …

ИНТЕРВЈУ ЗОРАН КАЛЕНИКОВ – Twingo Cup е приказна што ќе продолжи, купуваме уште 10 возила, ќе возиме и во Македонија

TWINGO CUP се враќа и во Македонија

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK