На Ред Бул ринг во Twingo Cup на двете трки планирани за утре, ќе се возат 25 минути, и на 4,318 км. долгата патека веројатно ќе се извоз 10 кругови. Патеката е со долги и брзи делови и на трката најважно ќе биде да се вози во група (фирунг) и да се чека шанса за престигнување.
Утре првата трка е закажана за 8,40 часот, а втората е во 15,30 часот.
Twingo Cup – Red Bul Ring квалификации
Марко Блажевски ќе стартува од вториот ред. Тој оствари четврто најдобро време во квалификациите, што се негова најдобар резултат досега и воопшто на било кој македонски возач во ова натпреварување досега во квалификациите. Возачот на АКК Сити Скопје уште на слободните тренинзи најави дека е добро расположен овој викенд и дека атакува на пиедесталот.
https://24auto.mk/sport/marko-blazhevski-ke-startuva-od-4-mesto-na-trkata-od-twingo-cup-vo-avstrija/