Првиот турски електричен автомобил TOGG ќе биде вклучен во патниот сообраќај на почетокот на следната година, изјави претседателот на Сојузот на турските берзи и комори Рифат Хисарџаклуоглу.
Електричниот автомобил ќе се појави на улиците во првиот квартал на следната година, а на 29 октомври, националниот празник на Турција, ќе се одржи церемонијата на инаугурација на фабриката на TOGG на кој присутен ќе биде претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
TOGG е официјално основан во јуни 2018 година под раководство на Унијата на турски берзи и комори и во соработка помеѓу Anadolu Group, BMC, Root Group, Turkcell и Zorlu Group. Планирано е да се изработат неколку модели на автомобили, од кои сите електрични – SUV, b-SUV, седан, ц-хечбек и b-MPV.
Фабриката за автомобили, каде што ќе се произведуваат автомобилите, се наоѓа во областа Бурса, а нејзиниот капацитет се очекува да достигне 175.000 возила годишно.