Toyota ја носи новата генерација на Auris во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Во Тоyota се подготвува премиера на третата генерација на Auris. Јапонците го навестија ова со објавувањето на првата фотографија, а целосно возилото ќе може да се види за време на саемот во Женева кој почнува следната недела.

Големата вест тука ќе биде втората хибридна опција за хечбек од сегментот С. Станува збор за систем, кој ќе користи поголем 2,0 литарски мотор што е различно од 1,8 бензин моторот на сегашниот хибрид.

Toyota ветува и далеку подинамичен екстериерен дизајн, којшто ќе го разликува моделот од ривалите во неговата класа. Ентериерот исто така ќе биде значително преработен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK