Двата главни оддели на Toyota Motor Corporation – Toyota и Lexus, истовремено објавија дека на 19 април ќе покажат по еден нов автомобил.
Без да има објави и какви и да било детали, од Toyota велат дека брендот е „подготвен за следниот возбудлив чекор во електрификацијата“ и ја опиша премиерата како Beyond Zero.
Најверојатно, новата понуда на Toyota ќе биде целосно електричниот СУВ модел, кој ќе биде целосно електричен СУВ модел, кој е развиен на новата е-TNGA платформа.
Coming soon! #Toyota‘s next step in #electrification https://t.co/o3hRzO50IK pic.twitter.com/ZyXu7qcIwQ
— Toyota Europe (@toyota_europe) April 13, 2021
За неа од компанијата велат дека нуди одлична модулност и применливост за низа различни производи. Истото беше објавено и во декември минатата година.
Oд Lexus не го образложија во описот на неговиот деби автомобил, но, сепак, велат дека тоа ќе биде верзијата 2021 година на моделот ES и дека таа ќе биде претствена во Шангај за време на меѓународниот саем Auto Shanghai 2021.